РК Алкалоид со две нови засилувања

255

РК Алкалоид во пролетниот дел од сезоната се засилува со две нови имиња. Според потврдената информација од клубот, договори се потпишани со Тодор и со Димитар Узунчеви, ракометари кои досега настапуваа за екипата на РК Партизан Гевгелија.

Овие двајца ракометари, иако се на возраст од само 17, односно 16 години, важат за едни од најталентираните млади ракометари во државава.  РК Алкалоид со нивниот ангажман ја потврдува определбата на младите играчи во Македонија да им овозможи правилен напредок и квалитетни тренинзи, а за македонските репрезентации да обезбеди кадар што ќе треба да го задржи и да го подигне нивото на играта.

Тодор игра на позицијата лев, додека Димитар е десен бек.

ПретходноМурињо во свој стил: Ако дадовме гол за 5:0, навивачите немаше да го догледаат мечот!
СледноПет тима во трка за билетот за главниот викенд во Будимпешта, само Хрватска без шанси!