Беретини си закажа полуфинале со Надал

81

Италијанскиот тенисер Матео Беретини се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, за место во финалето ќе се бори со Рафаел Надал. Тој го совлада Гаел Монфилс со 6-4, 6-4, 3-6, 3-6, 6-2, во меч кој траеше три и пол часа.

Италијанецот првиот и вториот сет ги доби со 6-4, во првиот му беа потребни 37. минути, додека во вториот се водеше битка од 62. минути. Монфилс се издигна во следните два сета, три пати го одзеде сервисот на Италијанецот и израмни на 2-2.

Сепак Беретино беше најдобар кога беше најпотребно, поведе со 4:0 и без проблем го приведе мечот.

Претходно„Баделки“ по прва победа во Супер-лигата
СледноХрватската легенда: Не би рекол дека Европското првенство е нерегуларно