И Силекс, есенскиот првак во ВМФЛ – ЗАПАД и актуелен бранител на Купот на Македонија ќе отпатува во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Експедицијата на кратовци за Анталија ќе лета утре рано изутрина, а веќе во недела ќе го одигра својот прв пријателски меч и тоа против Металац од Србија. Овој натпревар ќе го има во директен пренос на ТВ Арена Спорт.
Стратегот Горазд Михаилов и фудбалерите во Анталија ќе ја темираат формата до 9 февруари за кога е закажано враќањето во Македонија.
Инаку покрај контролата со Металац, Силекс ќе ги одмери силите и со Торпедо Москва – Русија (01.2), потоа со Монтана – Бугарија (03.02), следува дуелот со Мариупул – Украина (06.02) иа на крај со Рапид Виена – Австрија (08.02).