Тиквеш оваа зима ќе добие уште едно квалитетно засилување. Тоа е дефанзивецот Стефан Костов, инаку син на тренерот на кавадарчани Влатко Костов. Имено Стефан деновиве во Анталија почна со тренинзи и тоа тешката повреда и долхата рехабилитација која ја имаше во изминатите седум месеци. Да се потсетиме, Костов во Тиквеш дојде минатото лето, но на подготовките се здоби со тешка повреда, следуваше долга рехабилитација, но сега се е во ред. Тој одлично се чуствува, добро работи со своите соиграчи и очекува шанса од својот татко да настапи на некои од пријателските во Анталија.