ГРК Охрид во пријателски меч ја победи Будва!

74
0

Ракометарите на ГРК Охрид ги продолжуваат подготовките во Будва (Црна Гора) во пресрет на продолжението од сезоната.

Гладијаторите“ го одиграа првиот пријателски натпревар против екипата на Будва и извојуваа победа 32:39(17:19)

Најдобри стрелци на натпреварот беа Филип Николов со 12 гола и Мице Шилегов со постигнати 8 гола. Јагош Брауновиќ го сочува голот и заокружи 8 интервенции.

Охридските ракометари во петок и сабота ќе одиграат уште два натпревари против екипата на Ловчен од Цетиње.

ПретходноРаботнички минимално поразен од Краковија!
СледноФранција во пол-позиција: Јакобсен ќе ги одмара Хансен, Гидсел и уште двајца ракометари