Црна Гора на ова Европско првенство го имаше најдобриот настап во својата историја. Ја совлада Македонија и Словенија во групната фаза и обезбеди место во главната рунда, а таму одигра одличен меч против Хрватска.
Првенството ќе заврши меѓу најдобрите 12. селекции. Но, бајката се чини заврши. Оваа репрезентација е позната по скандали, но добрите игри ги сплоти сите, се до последната средба против Исланд.
Медиумите во Црна Гора пишуваат дека селекторот, Зоран Рогановиќ и Драшко Мрваљевиќ ја „спукале“, засега не се познати причините. По дуелот со Исланд, Рогановиќ не сакаше да коментира.
„Не сакам да коментирам за она што се случува внатре во тимот, ниту за она што одело во пренос“, изјави Рогановиќ.
Добро е познато дека Мрваљевиќ го водеше тимот за дуелите против Данска и Македонија, додека Рогановиќ беше во изолација поради Ковид-19.