Е.Пелистер го одигра вториот пријателски натпревар во мини-турнејата во Хрватска. Македонскиот вицепрвак по Целје го совлада Сесвете, и тоа со убедливи 25-30.
Од информациите кои дојдоа, битолскиот тим доминирал на оваа средба. Избраниците на Жељко Бабиќ по првото полувреме имале позитива од три гола (11-14), во продолжение без проблем ја зголемија позитивата.
Периќ со шест гола е прв стрелец, Атанасијевиќ, Костески и Табоада запишаа по четири гола, додека Кузманоски и Граџан по три.
Во последниот меч од оваа мини-турнеја во рамките на подготовките за новата сезона Е.Пелистер ќе ги одмери сили со ППД Загреб.
Сесвете – Еурофарм Пелистер 25-30 (11-14) Спортска сала во Сесвете.
Сесвете: Пуриќ, Кахлина, Крндец 3, Топиќ 4, Чуло, Баковиќ, Станиќ, Духенчиќ 4, Готал, Вусиќ 2, Крешиќ 3, Гавриќ 4, Харч, Зовак 2, Штрковиќ, Хршак 3 Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески 1, Кукуловски 1, Атанасијевиќ 4, Кузманоски 3, Танкоски 2, Периќ 6, Костески 4, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 1, Граџан 3, Обрадовиќ 1, Табоада 4, Арсеновски Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 минути