МЗТ Скопје најде замена за Дастин Вер!

190
Американецот Морис Кари (34 год, 180 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе треба да ја пополни празнината во ростерот по заминувањето на Дастин Вер во пресрет на вториот дел од сезоната во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата.

Станува збор за ептен искусен плејмејкер, кој повеќе од десет години настапува во европски клубови. Кари, по четирите сезони минати во Провиденс универзитетот, интернционалната кариера ја почна во полски Кошалин, по што настапуваше за екипи како грчки АЕК, австриски Гмунден, германски Мителдојчер, фински КТП, бугарски Лукоил Академик, француските Шалон Ремс, Нанси, Антиб и Поитерс, како и унгарските Сегед и Капошвари.

Во сезоната 2018/19 го носеше дресот на романска Крајова, каде што тренер му беше нашиот поранешен стратег Александар Тодоров.

Неговото доаѓање во Скопје се очекува кон крајот на неделава, што значи дека ќе има доволно време да се аклиматизира на новата средина и да влезе во системот на тренерот Дарко Радуловиќ токму за четвртиот турнир од АБА2, кој почнува на 6 февруари во Бања Лука.

ПретходноРоналдо го блокираше „Трансфермаркт“ на Инстаграм
СледноНачевски и Николов ќе го судат полуфиналето меѓу Данска и Шпанија!