Дуелот меѓу Данска и Франција привлече големо внимание во јавноста, не само зошто беше пресметка меѓу актуелниот светски и олимписки првак, туку поради начинот на кој заврши.
Избраниците на Николај Јакобсен доминираа во текот на целиот меч, водеа со пет гола, на крајот дозволија да бидат поразени. Додека Данска е на удар на јавноста, Франција на големо го слави пласманот во полуфиналето на Европското првенство.
Никола Карабатиќ во одлучувачките моменти придонесе за пресвртот, на 38. години се фрла по секоја топка, само за својата Франција.
„Си реков сам на себе дека не можеме така да го завршиме турнирот. Кога топката беше на подот, се фрлав по неа. Знам дека ќе се боли се, но ќе ме потсетува на нешто убаво“, изјави Карабатиќ, кој во полуфиналето заедно со својата Франција ќе играат против Шведска.
За него ова ќе биде 18-то полуфинале во исто толку годишната кариера, навистина е феноменално.