Дуелот меѓу Феникс и Пелистер, кој е закажан за во недела, најверојатно нема да се одигра. Причината е коронавирус во редовите на дебитантот. Според неофицијални извори на првите тестирања позитивни на Ковид-19 се повеќе од четворица членови на клубот, се чекаат резултатите од дополнителни тестирња.
Правилата во време на пандемија коронавирус се јасни, доколку еден тим има повеќе од четворица кошаркари позитивни, мечот ќе биде одложен.
Во текот на утрешниот ден се чека одлука на Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.