На Јакобсен не му беше лесно да зборува, но им симна капа на Шпанија и Рибера

664

На Николај Јакобсен не му беше лесно да зборува по изненадувачкиот пораз од Шпанија во полуфиналето на Европското првенство. Данскиот селектор неколку пати истакна дека Шпанија била подобра и заслужено се пласирала во финалето.

„Честитки за Жорди и Шпанија, тие заслужено победија. За нас е иритирачки бидејќи не успеавме да ја искористиме добрата одбрана во првото полувреме, особено расположениот Ландин. Направивме многу грешки во нападот, тоа ретко ни се случува“, изјави Јакобсен.

Де Вергас и Гомез беа на ниво на задачата, на нив се додаде Кањелас за целосна доминација.

„Шпанците завршија одлична работа во одбраната, ние промашивме премногу голови на ваков примерок. Бевме подобри во првите 15 минути, но Де Варгас го сврте натпреварот во корист на Шпанија. Дополнително им ја подигна самодовербата, одиграа подобро и 6 на 6 и 7 на 6. Можам само да констатирам дека загубивме од подобра екипа. Од 20. минута станаа доминантни, Гомез Абељо беше незапирлив по десното крило и во контра. Сепак, мислам дека Канељас најмногу не повреди, играше одлично и во одбрана и во напад. Ќе се обидеме да се опоравиме, ќе дадеме се од себе да освоиме бронза во недела“, заврши Јакобсен.

ПретходноМирчевски е нов играч на ТСЦ Бачка Топола
СледноЈокиќ не застанува: Шести трипл-дабл во јануари и 22 поени во второто полувреме (ВИДЕО)