Коронавирусот продолжи да прави проблеми во распоредот на одигрување на мечевите во спортските настани. Традиционално паузата најрано завршува во кошарката, па екипите од овој спорт први продолжваат со битките.
Но, поради Ковид-19 бројот на одложени мечеви од коло во коло се зголемува. Денеска наместо шест ќе се одиграат четири натпревари. Поради пандемијата дуелите меѓу Феникс – Пелистер и Ангели – Работнички се одложени.
Три натпревари ќе се одиграат во терминот од 18 часот: Академија ФМП – Кожув, ТФТ – Куманово и Гостивар – МЗТ Скопје 2. Дебито на колото ќе се игра во Аеродром, таму Еуро Никел е гостин на МЗТ Скопје, дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот, истиот ќе биде директно пренесуван на МТВ.
ТАБЕЛА: Пелистер 13-0, МЗТ Скопје Аеродром 10-3, Гостивар 8-5, Навико Академија ФМП 8-5, Феникс 2010 7-6, Работнички 7-6, Еуро Никел 2005 6-6, ТФТ 6-6, Кожув 5-8, Куманово 4-9, МЗТ Уни Банка 2-11, Ангели 1-12;