Ново брутално издание на Дончиќ , во Флорида се одигра меч „без крај“ (ВИДЕО)

925

Лука Дончиќ и натаму ја има лидерската улога во таборот на Далас Маверикс. Во убедливата победа над Индијана од 132-105 беше прв стрелец. Словенецот запиша 30 поени, 12 асистенции и 6 скока.

За Далас ова беше 29 победа, со скор од 21 пораз се наоѓа на петото место на табелата во Западната конференција.

Највозбудливо беше во Флорида, каде Мајами и Торонто одиграа неверојатен меч, кој беше решен дури по три продолженија. На крајот победа ја однесоа Репторси кои славеа со 120-124.

Батлер со трипл-дабл беше најефикасен кај домаќинот, имаше 37 поени, 14 скока и 10 асистенции, на другата страна Трент имаше 33 поени.

Голден Стејт го доби дерби дуелот со Бруклин, беше подобар со 110-106. Вигинс и Кари беа први стрелци кај победникот, со 24 и 19 поени.

 

ПретходноФил Џонс си оди од Јунајтед – го засилува шесткратниот француски шампион
СледноНЕ МУ ОСТАНА УШТЕ МНОГУ ВРЕМЕ: Дембеле бира меѓу три клуба!