НЕ МУ ОСТАНА УШТЕ МНОГУ ВРЕМЕ: Дембеле бира меѓу три клуба!

976

Усман Дембеле се уште го нема решено својот статус во Барселона, а му останува се помалку време.

Зимскиот преоден рој завршува на 31. јануари, каталонскиот гигант мора да се обиде да најде решение кога станува збора за овој фудбалер.

Французинот ја искомплицира ситуацијата откако одби да го продолжи договорот со Барселона, неговата цел е е без обештетување да го напушти клубот на крајот на оваа сезона, но не очекуваше дека ќе биде казнет поради тоа.

Раководството на клубот и тренер Чави Хернандез одлучија да не биде во конкуренција за мечевите, а тоа може да се промени само ако ја промени својата одлука.

Со оглед на тоа дека Дембеле не сака да го продолѓи договорот јасно е дека најдобро ќе биде да го напушти тимот до крајот на јануари, во спротивно ќе остане на трибините.

Шпанските медиуми пишуваат дека Премиер-лигата е една од неговите опции, за него заинтересирани се Јунајтед, Њукасл и Челзи. Сите се во преговори со Барселона и подготвени се да дадат 20 милиони долари, но Дембеле се чини не е презадоволен.

Покрај англиските клубови интерес за него покажа и ПСЖ, но се уште нема конкретна понуда, се надеваат дека Дембеле на лето ќе дојде без обештетување.

Останува да видиме дали денеска и утре ќе се случи нешто.

ПретходноНово брутално издание на Дончиќ , во Флорида се одигра меч „без крај“ (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ ќе биде најголем губитник по финалето меѓу Надал и Медведев