Во Будимпешта ќе биде испишана историја без разлика кој ќе го освои пехарот!

344

Денеска во Будимпешта и официјално завршува Европското првенство. Во финалето силите ќе ги одмерат Шпанија и Шведска, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Кој и да го освои пехарот ќе испише историја.

Шведска на златниот медал чека цели 20 години, последен пат на тронот оваа репрезентација се искачи во 2002 година, беше домаќин на Европското првенство, во финалето ја совлада Германија.

Доколку шведските ракометари ја победат Шпанија, тие ќе го освојат петтиот златен медал и ќе се зацврстат на Топ 10 листата на најтрофејни европски земји.

Што се однесува до актуелниот бранител на титулата, со триумф во финалето ќе постане втората селекција која на три Европски првенства успеала да го освои тронот после Шведска (тоа го стори во 1998, 2000 и 2002).

Шпанците се победници во 2018, 2020 и очекуваат да дојдат до хет-трик во Будимпешта. Токму во 2018 година во Хрватска, „фуријата“ во финалето ја совлада Шведска и дојде до првиот европски пехар.

Шпанија ќе го игра седмото финале, додека за Шведска ова ќе биде шесто финале.

Двете селекции имаат 26 директни дуели на големите првенства, Шведска победила 14, а Шпанија 12. На ЕХФ ЕУРО, Шведска победила пет пати, додека Шпанија четири пати.

Последната победа на Шведска против Шпанија беше во 2009 година. Сите осум судири оттогаш завршија во корист на бранителот на титулата на ЕУРО.

Сите овие факти се доволна најава дека ќе бидеме сведоци на драматична пресметка во Будимпешта – вредна историја и злато.

ПретходноХансен во (не)возможна мисија во „лов“ на рекордот на Лазаров!
СледноНестор својата иднина ја гледа во Турција!