Иако имаше најави дека Илија Несторовски повеќе од сигурно ќе го напушти Удинезе, дека за него има повеќе клубови кои пројаволе интерес, како од од Серија Б, така и од Салернитана од Серија А, сега засега Македонецот сеуште е во Удине.
Сепак вчера и денеска има нови моменти. Имено во повеќе медиуми во Италија се наведува дека Нестор најверојатно својата кариера би можел да ја продолжи во Турција.
Самиот Нестор за турските медиуми ја потврди таа информација.
„Својата иднина? Во Турција, покрај Фенер, Галата и Бешикташ има уште клубови кои со својот квалитет го подигнуваат стандардот на првенството. Таму има искусни играчи кои играле во повеќе европски клубови. Затоа доколку дојде сериозна понуда секако дека тоа ќе биде одлично искуство. Елмас и Пандев за Турција говорат само во суперлативи“ рече покрај другото Илија Несторовски.