Денеска се играат мечевите за третото место на ЕУРО 2022 и секако големото финале. Сепак во пресрет на дуелите за распределбата на медалите, прогласен е МВП на првенството и избран е Ол-стар тимот.
Џим Готфридсон од Шведска е избран за МВП на првенството. Додека во иделниот или Ол-стар тимот се и: Милош Вујовиќ (лево крило) од Црна Гора, потоа тука се Данците Хансен и Гидсел,како леви и десни бекови. Како десно крило е Абељо од Шпанија, додека пикер е Јоханес Гола од Германија. Најодбар плејмејкер е Стеинс од Холандија а на голманската позиција Халгримсон од Исланд, и како како најдобар дефанзивец е избран Бергендал од Шведска.