Враќање на големата сцена: Ериксен и официјално е нов фудбалер на Брентфорд!

157

Англиски Брентфорд утрово го објави потписот со данскиот играч за врска Кристијан Ериксен. Тој доби договор до крајот на сезоната.

Данецот замина од Интер како слободен играч кон средината на декември, бидејќи неговиот имплант на срцевиот уред не му дозволува да игра професионално во Италија. 29-годишниот Ериксен нема играно откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска со Финска на ЕП 2020 на 12 јуни и сакаше да се врати на највисоко ниво со надеж дека ќе оди и на Светското првенство.

Осум од играчите на Брентфорд се од Данска, а исто така и менаџерот Томас Франк работеше со Ериксен во младинската репрезентација. Ериксен има вграден апарат за имплантација на кардиовертер дефибрилатор.

ПретходноПСЖ и Барселона не се договориле: Ништо од трансфер на Дембеле оваа зима
СледноЊукасл како „луд“ трча по нови фудбалери: Паралелни преговори со Вест Хем и Галатасарај