Германски репрезентативец во дански Митјиланд

368

Му предвидуваа блескава кариера но место тоа неговата кариера почна да оди по надолна линија. Некогашниот талент на Шалке Макс Мејер кој играше од 2013 до 2018 година ветуваше многу. Играчот од средниот ред одигра 146 бундеслигашки натпревари за тимот од Гелзенкирхен, а потоа отиде во Кристал Палас. По две сезони во лондонскиот клуб отиде во Келн каде по само 10 меча си замина и потпиша за Фенербахче. Но за турскиот гигант одигра само пет суперлигашки натпревари, па клубот од Истанбул реши да му најде клуб.

Мејер сега ќе игра во лидерот во данското првенство Митјиланд. Доаѓа како позајмен фудбалер.

Инаку сега веќе 25-годишниот фудбалер играше за младинските селекции на Германија, за Олимписката селекција за ОИ во Рио, а и за А репрезентацијата одигра четири меча и постигна еден гол. Но тие натпревари беа во 2014 и 2016 година.

ПретходноБарса го комплетира трансферот на Обамејанг, a Дембеле останува на „Ноу Камп“
СледноШпанскиот шампион го донесе левиот бек Реинилдо