Иако некаде пред полноќ стигна вест дека се е договорено, сепак, Ливерпул не успеа да го заврши трансферот на младиот фудбалер на Филам, Фабио Карваљо. Ливерпул, се чини, направи се за трансферот да биде заокружен пред истекот на преодниот рок, но проблемот излегол кога Фулам ја сменил одлуката, па во последен момент барал Карваљо, сепак, да остане кај нив на позајмица до јуни.
„Црвените“ прифатиле да платат 10 милиони фунти за младиот талентиран фудбалер, но не успеале во последен момент да ги сменат документите за нова позајмица и трансферот пропадна.