Капитенот на Камерун: Изгубивме затоа што секој сакаше да „глуми“ ѕвезда

1809

Репрезентацијата на Камерун е поразена во полуфиналето на Африканскиот куп на нациите од Египет. Домаќинот тргна силно и нацијата се понадева дека може да се освои трофејот меѓутоа не успеаја да го прескокнат Египет. Мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши 0:0, а во пенал рулетот играчите на Камерун промашија три од четирите пенали (два им одбрани египетскиот голман).

По мечот капитенот Венсан Абубакар беше лут на соиграчите затоа што не се држеле до тимска игра туку секој сакал да се покаже на ваков важен меч.

Имаме фантастичен тим. Секогаш кога играме тимски победуваме. Против Египет секој сакаше да покаже колку знае… Фудбалот не е индивидуален спорт“, посочи Абубакар.

Секогаш кога играме колективно, тогаш сме силни и победуваме. Кога секој ќе проба да игра сам, тогаш сите патиме и се појавуват проблеми. Така беше против Египет и таков е резултатот на крајот. Секој мислеше за себе и тоа сè уништи“, изави некогашниот напаѓач на Порто и Бешикташ, а сега на Ал Наср од Саудиска Арабија.

Во финалето на Африканскиот куп ќе играат Египет и Сенегал. На Камерун му останува борба за утешното трето место со селекцијата на Буркина Фасо.

 

ПретходноБрентфорд објави рекордна продажба на дресови по трансферот на Ериксен
СледноБејл му фаќа сеир на Азар кој се изнатрча покрај терен, а не влезе во игра (видео)