Брегалница остана без “генералка“ пред стартот на пролетниот дел!

488

Неделниот пријателски меч со Септември Симитли,тим од Бугарија, требаше да биде “генералка“ за фудбалерите на Брегалница во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ. Но, како што информираат од редовите на штипските „сини“, во заеднички договор на двете екипи, истио е откажан па така Брегалница остана без “генералка“.

Да потсетиме дека пролетниот дел од тековната сезона 2021/22 во ПМФЛ стартува на 13 февруари.

Брегалница својот меч со Ренова во Штип ќе го одигра ден порано зошто истиот ќе го има на МРТВ и ТВ Арена Спорт.

ПретходноГуставо Појет e новиот селектор на Грција
СледноХаланд има понуда од 50 милиони евра за спонзорски договор!