Натпреварот во вештини за време на Ол-Стар викендот во НБА лигата за оваа година, најверојатно ќе добие нов формат. Според инсајдерот на „Атлетик“,Шамс Чаранија, се очекува годинава во оваа дисциплина да се натпреваруваат екипи од тројца играчи.
Организаторите се обидуваат да направат неколку ѕвездени комбинации кои ќе бидат вистинска мета за навивачите. Еден од тимовите кој најверојатно ќе биде пријавен за натпреварувањето ќе биде составен од браќата Антетокумпо. Јанис и Танасис кои настапуваат во екипата на ;Милвоки, како и Алекс кој де дел од Џ-лигата во составот на Репторс 905.