Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев е нов член на Тренчин. Овој тансфер „Спортмедиа“ го најави уште пред десет дена, но сега се е готово, останува само уште промоцијата.
Инаку Тренчин е клуб од елитната лига во Словачка, а во Илиев гледаат адекватно засилување меѓу стативите.
Македонецот од пред две недели се “раздели“ со Арсенал каде што не доби шанса во целост да ги искаже сите свои квалитети, постојано беше праќан на позајмица. Сега се е поинаку, еве шанса Илиев конечно во дресот на Тренчин да покаже навистина што знае.