Првиот човек на УЕФА Александер Чеферин најавува дека во блиска иднина ќе може завршницата во Лигата на Шампионите да биде низ Ф4, нешто слично како што беше пред две години кога се играше во Лисабон.
УЕФА поради пандемијата мораше на ваков начин да ја организира завршницата во ЛШ, а таа се покажа како успешен експеримент.
„Мислам дека тоа е супер. Тоа ќе биде интересно и за фановите. За оваа идеја веќе разговарав со претседателите на неколку клубови како со ПСЖ, и тој се сложува со ваквата идеја. Се разбира дека на клубовите ќе им се обезбеди финансиска компензација поради губењето на парите кои ќе ги загубат со оглед на тоа дека нема да бидат домаќини во полуфиналните мечеви. Мислам дека ова може да се изведе за сезоната 2024/25, порано не можеме, објективно“ истакна Чеферин.