Португалија ја одбрани европската титула во футсал

146

Репрезентацијата на Португалија остана европски футсал шампион откако денеска во финалето ја совлада Русија со 4:2. Европскиот шампионат во футсал се одржа во Холандија, а вечерва во „Зиго дом“ во Амстердам Португалците со головите на Пачо, Варела и два на Коељо ги победија Русите во битка за златото. Интересно, Русите водеа со 2:0 со головите на Соколов и Афанасијев, а потоа Португалците го свртеа резултатот.

Третото место го освои Шпанија која во утешното финале ја совлада Украина со 4:1.

Ова е втора европска титула за Португалија. Исто така Португалците се и светски прваци. 20-годишниот играч на Португалија Зики е прогласен за најдобар играч на ЕУРО.

ПретходноУдинезе победи со голови во судиското продолжение, Нестор мечот го преседе на клупата!
СледноФинале на КАН: Салах му помогна на Габаски да му одбрани пенал на Мане (видео)