Во меч од 2.коло во СЕХА лигата, Вардар утре го очекува тешко гостување, и тоа во Нови Сад против Војводина.
За она што може да се очекува од овој меч, од аспект на Вардар секако, свој коментар има Давид Дејвис, стратегот на вардарци…
“Јасно е дека мора играме многу подобро отколку со Нексе. Вчера со Пролет беше подобро. Ние ги знаеме добрите страни на Војводина, која кога игра дома е опасен тим. Таму игра Прибак кој добро ја води својата екипа. Имаат добар голман“ истакнува Дејвис и продолжува…
„Одиме чекор по чекор, од меч во меч напредуваме, сметам дека полека како да им “влегува“ на играчите во главите како треба да играат“ заврши Дејвис.