Доминација на Бадел 1862, вицепрвакот без грешка во првиот дел!

177

Актуелниот вицешампион, Бадел 1862 ги потенцира шампионските амбиции по 14.одиграни кола од првата фаза од натпреварувањето во Првата лига-жени, по кои нема пораз.

Последната дојде во дуелот против екипата на Струга 2009, убедлива, изразена со 54. поени разлика (98:44), за недостижни 28. бода на истекот на првиот дел по кој натпреварувањето остана без екипата на Работнички, која не го одигра и вториот, по ред, натпревар по што е дисквалификувана од понатамошниот дел од сезоната во Првата „А“ лига.

Преостанува да се одиграат два натпревари, одложени поради проблемот со корона-вирусот кој е забележан во редовите на Баскет Кам 2011.

Откако бранителот на титулата ќе ги одигра мечевите со екипите на Струга 2009 и со Крива Паланка, ќе бидат формирани и натпреварувачките броеви за втората фаза од првенството – „оролоџото“.

Следните возбудувања се на 26. февруари.

Возбудливи моменти има и во „Б“ групата, ги донесе првиот пораз на екипата на Трокал. На гостувањето во Делчево каде подобри од нив беа кошаркарките на Патриот 2016 со (63:55), со што стана интересна трката за првата позиција на која атакува и екипата на Гризли.

Новакот во оваа конкуренција беше сигурен на гостувањето во Гостивар (83:38), па сега е на чекор до лидерот на табелата.

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром  64:66

13.02: Баскет Кам 2011 – Крива Паланка

Работнички – Вардар      0:20 сл.

Бадел 1862 – Струга 2009         98:44

ТАБЕЛА: Бадел 1862 28, Вардар 24, Баскет Кам 2011 22 (-2), Струга 2009 20 (-1), Крива Паланка 19 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 18, Пробаскет 15, Работнички 14;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО

ЖКК Куманово 2020 – Тим Арена      39:47

Гостивар 2009 – Гризли 38:83

Патриот 2016 – Трокал   63:55

Мега Баскет – Риниа       53:54

Шкупи – слободен

ТАБЕЛА: Трокал 19, Гризли 18, Патриот 2016 16, Тим Арена 16, Гостивар 2009 14, Шкупи 14, ЖКК Куманово 2020 12, Риниа 11, Мега Баскет 10;

ПретходноМешков Брест за дуелот со Вардар се засили со пивот висок 201 сантиметри
СледноПетковиќ доби отказ од Бордо, му пресуди „петардата“ од Ремс