ЗОИ 2022: Мајер го одбрани олимпиското злато во Супер-Џи

103

Австриецот Матијас Мајер ја одбрани својата олимписка титула во супервелеслалом, откако утрово беше најдобар и на патеката Јанкинг на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Тој славеше со четири стотинки предност пред сребрениот Американец Рајан Кокран-Сигл и 42 стотинки пред бронзениот Норвежанец Александар Омод Килде.

Со оваа победа Мајер стана третиот алпски скијач во историјата кој освоил злато на три различни ЗОИ. Покрај златото во супервелеслалом од Пјонгчанг пред четири години и ова од Пекинг, Мајер има и злато од спустот од Сочи 2014. Норвежанецот Кјетил Андре Омод и Италијанката Дебора Компањони исто така имаат по три злата од три различни ЗОИ. За Мајер ова воедно е втор медал во Пекинг откако вчера беше бронзен во спуст.

ПретходноКулушевски: Во Тотенхем отидов поради еден човек
СледноСеријата победи продолжува: Голден Стејт славеше и деветтипат во низа