Ѕвездата на Пеп од 117 милиони долари се „тетерави“ пред кафуле – бесен и пијан (ВИДЕО)

1618

Социјалните мрежи колку се добри, толку и се лоши за спортистите, кои се постојано под будното око на јавноста. Најсвеж пример за ова ни доаѓа од Англија. Ѕвездата на Манчестер Сити, Џек Грилиш е фатен пред едно кафуле во издание кое нема да му се допадне на менаџерот, Пеп Гвардиола.

Од него кружат снимки под дејство на алкохол. Бил во таква состојба што еден ноќен клуб не сакале да го пушти, а потоа морал да го напушти просторот пред зградата. Грилиш не се трудеше премногу да се расправа.

“Џек е бесен, не смее да влезе. Погледнете го. Пијан е и лут”, се слуша на снимката.

Грилиш пред два месеци беше исфрлен од првиот тимпоради лошата форма и однесување. Да потсетиме, Манчестер Сити минатото лето го купи Џек Грилиш од Астон Вила за 117,5 милиони евра. За Сити оваа сезона постигна три гола на 24 натпревари, а има и три асистенции.

ПретходноПех за Македонецот: Дардан Дехари нема да настапи на ЗОИ
СледноКјелд Нуис со нов олимписки рекорд го одбрани златото на ЗОИ