Адеми доби „капитенски“ мурал среде Загреб

382

Аријан Адеми како икона на Динамо Загреб многупати ја покажа својата лојалност спрема овој клуб. Динамо за него е многу повеќе од фудбалски клуб, а и нашиот репрезентативец за клубот е многу повеќе од само капитен. И не само за клубот, туку и за навивачите кои на секој начин пробуваат да му оддадат почит на Адеми за се што тој направи до сега, а и ќе прави и во иднина за Динамо.
Па така, деновиве среде Загреб осамна прекрасен мурал на кој Адеми одпоздравува кон публиката со капитенска лента на раката, иконско уметничко дело со кое ќе се приврзат генерации навивачи на „Модрите“.

„Никогаш не е пракса да се цртаат активни играчи додека играат за некој клуб, но капитенот Аријан Адеми заслужи вакво нешто, бидејќи секогаш дава се од себе, за клубот и за навивачите. Тој дефинитивно спаѓа во одбраното друштво на играчи кои оставиле силен траг во клупската историја“, напиша авторот на овој графит од Адеми.

 

ПретходноСилекс подобар од Рапид Виена
СледноВардар 1961 фуриозно низ Нови Сад за прва СЕХА-радост (ВИДЕО)