Каков татко – таков син: Штролц го освои златниот медал во Пекинг

110

Јоханес Штролц го освои златниот медал во алпско скијање во комбинација на Зимските олимписки игри. Австриецот до победата стигна со вкупно време од 2:31.43, за 59 стотинки беше подобар од Норвежанец, Андре Омот-Килде. Бронзениот медал во Пекинг во оваа дисциплина му припадна на Канаѓанецот, Џејмс Крофорд.

Штролц се најде во центарот на вниманието бидејќи е втор од своето семејство кој успеал да дојде до златен медал, претходно тоа му успеа на неговиот татко, Хуберт кој во 1988 година во Калгари беше победник во истатата дисциплина.

ПретходноПобедничките поени: Мекиќ како на видео-игра (ВИДЕО)
СледноЦелосен распад – Лејкерси поразени од Портланд (ВИДЕО)