Седум столба на стратегијата на ФФМ “Обединети од фудбалот 2021-2025“

829

Нешто ново кога станува збор за нашиот спорт, посебно за нашиот фудбал. Имено денеска Фудбалската федерација на Македонија ја претстави својата Генерална стратегија “Обединети од фудбалот за 2021-2025“. Тоа треба да биде надоградување на претходната до 2020 година. И тоа како што доликува, на ниво, со претставување од страна на челниците на Федерација.

Во хотелот “Хилтон“ во присуство на голем број наши фудбалски легенди, медиуми, и познати спортски личности, прво на присутните им се обрати претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.

Тој прво со пригодни зборови ги поздрави гостите на овој настан, кажа дека на него му чест и задоволство од се она што беше постигнато во минатите години, но и дека очекува резултатите во иднина да бидат на задоволство на сите во нашиот фудбал.

Сега кога ги остваривме стратешките цели, можеме да се свртиме кон иднината. На дело покажавме дека се е можно, па да се дојде и до бараж за Мундијалот. Гледаме кон иднината, а за тоа доказ се успесите на репрезентациите. Овој модел е успешен и во иднина ќе го надоградиме“ рече покрај другото Сејдини.

Потоа следуваше обраќањето на генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски, кој ги објасни тие седум столба на стратегијата до кои нашата федерација и тоа како ќе се држи.

-Првиот столб е да се направи фудбалот спорт бр.1, а тоа е имиџот и вклученоста

-Вториот столб е партиципацијата

-Третиот е натпреварувањата

-Четвртиот е елитниот фудбал

-Петтиот е приходите

-Следува потоа како шести столб инфраструктурата

-Седмиот е доброто раководење.

Беше кажано дека во моментов регистрирани се 33.260 фудбалери и 1505 фудбалерки.

ПретходноМурињо во соблекувалната не бирал зборови, упатил бројни навреди кон сите
СледноБеше споменуван како тренер на Вардар, а сега стана селектор на Словенија!