ФФМ одново без ваучер од АМС, РФМ е највисоко рангирана федерација!

967

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на добитници на ваучери. И оваа година Фудбалската федерација на Македонија е без бодување и нема да добие ниту денар од АМС. Чудно, но вистинито, оваа државна институација продолжува да ја меша политиката во спортот, па се обидува да покаже сила на овој начин.

Најдобро рангирана национална федерација е ракометната и со право. Агенцијата за млади и спорт и додели ваучер од 15.800.000 денари. Веќе со години „куќата на ракометот“ е една од најорганизираните федерации, заедно со фудбалската. Со вложување во овој спорт, како и во националните селекции, Македонија секоја година редовно учествува на големи ракометни натпреварувања, што е реткост во другите спортови во последните 11 години.

Зад РФМ е КФСМ, на сметката на кошаркарската федерација ќе „легнат“ 13.800.000 денари, ОФМ ќе земе 11.800.000 денари.

Во продолжение на овој ЛИНК можете да ја видите комплетната листа.

Со нула бодови исто како и ФФМ е Националната пливачка федерација, кугларската федерација и уште неколку. Причината добро им е позната само на Агенцијата за млади и спорт!

 

ПретходноЗарем е можно: Дали е ова најлошо изведениот пенал во историјата? (ВИДЕО)
СледноРК Вардар со најголем ваучер, спас за Металург од 200.000 евра