РК Вардар со најголем ваучер, спас за Металург од 200.000 евра

2627

И оваа година Вардар 1961 ќе земе најголем ваучер од Агенцијата за млади и спорт, ова ни малку не е изненадување. Актуелниот македонски првак има најголемо бодување, на сметката на „црвено-црните“ ќе легнат 17.500.000 денати.

Веднаш за Вардар 1961 е Е.Пелистер. Битолчани ќе добијат ваучер од 16.500.000 денари. Трет на листата е Металург. Тимот од Автокоманда во време кога се соочува со тешки финансиски проблеми и доби суспензија од ЕХФ за настап не само во европските клупски натпреварување, туку и во домашниот шампионат, ќе земе ваучер од над 200.000 евра односно 12.000.000 денари.

Во фудбалот, Шкендија ќе добие 10.850.000 денари, а Шкупи и Струга ТЛ по 9,850.000 денари.

Од кошаркарските клубови најголем дел од парите ќе добие МЗТ Скопје и тоа 12.300.000 денари, а Работнички 10.800.000 денари.

Во одбојката ОК Струмица  3.700.000 денари, ОК Вардар 2.300.000 денари.

Во продолжение на овој ЛИНК можете да ја видите комплетната листа.

Прочитајте и кои Федерации добија пари.

ФФМ одново без ваучер од АМС, РФМ е највисоко рангирана федерација!

ПретходноФФМ одново без ваучер од АМС, РФМ е највисоко рангирана федерација!
СледноЛиверпул го среди Лестер, Арсенал и со играч помалку славеше кај Вулвс (видео)