Ренова во првиот меч од 19.коло или прво пролетно успеа да дојде до трите бода среде Штип. Ја победи Брегалница со 1:2 и ја прескокна на табелата, сега “гипсарите“ се четврти. Подобро издание на Ренова, за разлика од нив “сините“ просто разочараа, момците на Илчо Ѓорѓиоски беа далеку од онаа форма од Анталија.
И како по обичај, после еден ваков триумф следува победничко селфи на “гипсарите“.