Попладнево Воска Спорт и Вардар, конкурентите за второто место во ВМФЛ – ЗАПАД одиграа пријателски средби,кои беа “генералки“ пред стартот на пролетниот дел.
Воска Спорт со 2:3 среде Прилеп успеа да ја победи Победа, тим кој е есенски првак во ВМФЛ – ИСТОК. Стрелци на головите за момците на Раде Цицмиловиќ беа Фета, Емини и Трпески.
Додека Вардар пак дома одигра само 0:0 против Беласица, исто така еден од конкурентите за висок пласман на истокот.