Македонскиот интернационалец Лука Станковски дебитираше во дресот на Газијантеп на гостувањето кај Башакшехир во турската Суперлига. Станковски кој зимоска направи трансфер од Работнички во Газијантеп влезе во игра во 80 минута, а неговиот тим го загуби натпреварот 2:0.
Пици и Гурлер стрелаа за Башакшехир, а Газијантеп го доживеа деветтиот пораз сезонава.