Динамо на домашен терен игра против Горица во 23.коло на хрватската Прва лига. По првото полувреме немаше голови, а во 55. минута „модрите“ поведоа. Тоа беше убава акција на шампионот, нафрлување на десната страна до Ристовски, а овој ја уфрли топката на втората статива, а таму Адеми ја смести во голот.
Македонска акција за водство на Динамо. Сепак, гостите изедначија десет минути подоцна. Во 89 минута Оршиќ донесе победа за Динамо.
За гостите на клупата остана Влатко Стојановски.
ГОЛОТ НА АДЕМИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ