Челзи ја поправи грешката од 2012-та: Хаверц од пенал за светска клупска титула (ВИДЕО)

227

Пo 120 минути игра, Челзи, конечно, успеа да ја освои светската клупска титула. Во финалето на светското клупско првенство на ФИФА, европскиот шампион со 2:1 славеше најд јужноамериканскиот Палмеирас и успеа да ја поправи грешката од 2012 година, кога во финалето беше поразен од бразилски Коринтијанс.

Во вториот обид, лондончани се искачија на кровот на светот благодарение на голот од пенал кој Каи Хаверц го постигна во 116 минута. По 90 минути средбата заврши нерешено, откако Лукаку ги донесе „сините“ до предност од 1:0 во 54. минута, а десет минути подоцна Палмеирас израмни од пенал со голот на Веига.

ПретходноНаполи и Елмас освоија само бод против Интер
СледноСтоле и Рајо влегоа во црна серија, трет пораз едноподруго (ВИДЕО)