Завршија првите полувремиња од сите пет денешни натпревари од 19.коло во ПМФЛ. Интересно е на Чаир на супер – дербито меѓу Шкупи и А. Пандев. Добра игра од двете страни, има квалитет, многу шанси, но сепак резултатот е 1:1. Гостите поведоа со голот на Димоски по прекрасната акцина на Маронг, додека Адетунџи израмни.
Шкендија под Шара со головите на мега – талентот Дашмир Елези и Синдрит Гури против Струга ТЛ со 2:0. Да кажеме дека во стартниот состав на Шкендија ги нема Хасани, Дориев, Маркоски, Маневски.
Интересно беше на Автокоманда каде Борец со голот од пенал на Ѓорѓиев поведе, но сепак Кировски израмни за 1:1.
Во Ѓорче и Битола нема голови на средбите Македонија ЃП – Тиквеш и Пелистер – Работнички.