По осум загубени финалиња, конечно, успеа да ја освои првата АТП титула

356

Канадскиот тенисер Феликс Ожер-Алиасим триумфираше на турнирот од серијата 500 во Ротердам. Тој во финалето убедливо го совлада Стефанос Циципас од Грција со 6:4, 6:2, по еден час и 19 минути игра.

Деветтиот светски играч на тој начин успеа да стигне до првиот трофеј во кариерата, дури во деветтиот обид, по осум загубени меча за титулата во претходните три сезони.

Што се однесува до Циципас, тој ја пропушти шансата да ја освои својата прва титула во категоријата 500, а осма во кариерата.  Ожер-Алиасим ќе стане осми играч во светот, доколку Каспер Руд вечерва не го освои турнирот во Буенос Аирес.

ПретходноАкраповиќ: Според шансите резултатот требаше да биде 8:0!
СледноЃоковиќ до крајот на февруари ќе го загуби првото место на АТП листата?