Француска танцова двојка освои злато на ЗОИ и постави светски рекорд

169

Габриела Пападакис и Гијом Сизерон освоија златни медали за Франција во танцови двојки на Олимписките игри во Пекинг.Четирикратните светски и петкратните европски шампиони Пападакис и Сизерон победија со 226.98 поени со што го подобрија сопствениот светски рекорд од 226.61 поен поставен на Гран при во Јапонија во 2019 година.

Со тоа за првпат се искачија на олимпискиот врв, откако на Игрите во Пјонгчанг пред четири години останаа со среброто.

Бранителите на олимписката титула Викторија Синицина и Никита Кацалапов (Русија) сега останаа втори со 220.51 поени, додека Медисон Хабел и Закари Донахју (САД) ги освоија бронзените медали со 218.02 поени.

 

ПретходноСУПЕРБОУЛ: Рамс после пресврт во финишот ја освои титулата
СледноПобеда на спортот – Руската лизгачка ослободена од обвиненијата за допинг