Изминатитот викенд на отворено првенство на Данска, нашиот атлетичар Андреас Трајковски дојде до големо остварување.
Тој оствари во дисциплината скок во далечина со резултат 7,33 см и го урна рекордот кој беше стар 27 години. Истиот беше поставен од Тони Дамчески во 1995 година и изнесуваше 7.13 см.
Покрај во дисциплината во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри, постигна резултат во финалето 6,97 секунди и се пласираше на 4. место.
За потсетување Трајковски од неодамна доби согласноста од Светската федерација за промена на националност и од 9. февруари 2022 година ја претставува нашата федерација.
Комплетни резултати од неговиот настап можете да погледнете на следниот линк : https://easyrecord.se/result?2V9bOO