Дејан Манасков си оди од Веспрем!

861

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков на крајот на оваа сезона ја завршува својата мисија во Веспрем. Неговиот договор истекува ова лето, па двете страни одлучија да се разделат.

Манасков во унгарскиот тим дојде во 2017 година од Рајн Некар. За жал не успеа да ја подигне титулата во Лигата на шампионите, но затоа успеа да дојде до две титули во СЕХА-лигата со ВЕспрем, како и еден трофеј во унгарскиот шампионат.

„Ти благодариме за се, Деки, и многу среќа во натамошниот дел од кариерата“, објави Веспрем.


Последната сезона од својот договор Манасков не ја заврши како што посакуваше, тој се здоби со тешка повреда, поради која веќе долго време е надвор од терените, но најважно рехабилитацијата оди добро.

ПретходноРФМ со барање до АМС по приговорите на клубовите за ваучерите – повика на заедничка средба
СледноСите се изненадени од Валиева: По грешка ги земав апчињата на мојот дедо!