Рангник: Не гледам причина да му ја одземам капитенската лента на Мегваер

141

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник нема потреба да му ја земе капитенската лента на Хари Мегваер и покрај тоа што призна дека видел некои слабости во играта на одбранбениот фудбалер на последните натпревари. Мегваер е подложен на сериозни критики сезонава и дел од навивачите на Јунајтед сакаат лентата да му биде одземена. Критиките кон 28-годишниот фудбалер се засилија викендов по ремито со Саутемптон 1:1 на „Олд Трафорд“, но Рангник вели дека нема потреба  нешто да менува околу капитенското прашање.

Мислам дека кога се врати по повредата игра мноогу подобро. Тој имаше и добри натпревари, на пример добар меч против Вест Хем. Точно дека во последните два меча тој имаше некои послаби моменти, како против Саутемптон и против Барнли кога примивме гол, меѓутоа генерално не гледам зошто би ја му ја одзел капитенската лента. Тој е нашиот капитен и така треба да остане“, изјави Рангник.

Мегваер беше избран за капитен на Јунајтед во јануари 2020 година од претходниот менаџер Оле Гунар Солскјер и пет месеци откако направи трансфер на „Олд Трафорд“ за рекордни 80 милиони фунти од Лестер.

Мегваер треба да се развива, да станува уште подобар. Начинот на кој играме сега е сосема нов за него затоа што англиската репрезентација тој е навикнат да игра со тројца во одбранбената линија, а во Јунајтед со четворица. Тоа е нешто ново за него и ќе му треба време да се приспособи“, вели Рангник.

ПретходноРусин славеше победа над Американците со два средни прста во воздух!
СледноХокеарите на Канада за првпат по 16 години останаа без медал на ЗОИ