ПОЛУВРЕМЕ: Вардар има четири гола предност на дуелот со Монпеље

189

Вардар 1961 по првото полувреме на гостувањето кај Монпеље има предност 10-14. На овој дуел Давид Дејвис е без услугите на Анте Гаџа, а своите минути во Лигата на шампиони ги дочека Карапалевски. Во првите 30. минути, „црвено-црните“ делуваа многу подобро од Скопје, дефанзивата потсети на оние добри времиња, шпанската „магија“ им годи на ракометарите.

Со две одбрани на Мартин Томовски, играч помалку во редовите на домашниот состав, Вардар 1961 поведе со 1-3 во четвртата минута. Македонскиот првак максимално не ги користеше шансите, Монпеље израмни на 3-3. Томовски со нова одбрана го подигна својот тим, Дибиров и Оливие Њокас погодоци за нови плус два (3-5).

Малата недисциплина во нападот кај „црвено-црните“, Монпеље ја казни со серија од 3-0 (два гола од седум метри) за прво водство на мечот од 6-5 во 14. минута. Тото и Карапалевски ја вратија предноста (6-7).

Две одбрани на Томовски и две украдени топка, го донесоа Вардар на плус четири (7-11) во 22. минута. Вардар пропушти две шанси за дојде и до поголемо водство. Избраниците на Дејвис имаа и 8-12, домаќинот казни две грешки намали на 10-12. Македонскиот првак на одморот успеа да ги задржи четирите гола предност (10-14).

Томовски со осум одбрани е дефинитивно најдоброто во Франција. Дибиров, Оливие Њокас, Георгиевски и Кевин имаат по два погодоци.

ПретходноЧави пред дуелот со Наполи: Кандидати сме за трофејот во ЛЕ, но не и фаворити
СледноИнвеститорот го „подбра“ раководството на Херта: Дадов многу пари, а клубот воопшто не се подобри