Двоен успех на Швајцарките во алпска комбинација

58

Швајцарската скијачка Мишел Гисин го освои златото во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Гисин по двете возења оствари време од 2:25.67 минути и успеа за повеќе од една секунда зад себе да ја остави својата сонародничка Венди Холденер. За Гисин ова е втор медал на овие ЗОИ, откако веќе беше бронзена на трката во Супер-Џи.

Третото место и бронзениот медал денеска го освои Италијанката Федерика Брињоне. Сребрен медал беше нејзината сонародничка Венди Холденер . Бронзата и припадна на Италијанката Федерика Брињоне, за која ова е втор медал на овие ЗОИ откако веќе се закити со сребро во велеслаломот.

Двократната олимписка шампионка Американката Микаела Шифрин не успеа да ја заврши слаломската трка.

ПретходноДортмунд без Халанд против Ренџерс
СледноМорис со звукот на сирената за триумф на Денвер над Голден Стејт (ВИДЕО)