Давид Дејвис: РК Вардар го чека тежок меч во Нашице

179

Нема време за одмор за ракометарите на Вардар. По одличното и во Лигата на Шампионите и победата над Монпелје вчера, веќе утре во натпревар од СЕХА лигата вардарци му гостуваат на тимот на Нексе во Нашице. Ова е уште една можност за добар настап, добра игра.

Давид Дејвис, стратегот на РК Вардар смета дека неговите момци ги чека тежок настап, и поради фактот дека домашниот состав имал повеќе време за одмор.

Очекувам тежок натпревар во Нашице. Игравме вчера против Монпелје во Лигата на шампиони и имаме долг пат од Франција до Нашице. Сега ни треба малку време и за одмор. Имавме тежок меч,емоционален, со многу притисок. Морам прво да видам која ќе бида најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје, но тие имаа доволно време за одмор и подготовка. Ќе видам како ќе функционира екипата. Победата против Монпелје беше добра за тимот, за екипата, за сите. Сега сите веруваат во системот. Ќе направиме сè што можеме. Мора да бидеме дисциплинирани и да одиграме најдобро“изјави Дејвис.

ПретходноНема одмор за вардарци: Директ за Хрватска, по пат и селфи со Митревски
СледноМартин Карапалевски: Нексе е одличен тим, ова гостување ќе биде тешко!