Мартин Карапалевски: Нексе е одличен тим, ова гостување ќе биде тешко!

291

Мартин Карапалевски, младиот среден бек на Вардар, исто како и неговиот тренер Давид Дејвис, смета дека утрешното гостување во Нашице, во меч од СЕХА лигата кај Нексе, нема да биде едноставно.

Нексе е одличен тим кој игра цврста одбрана и ова гостување за нас ќе биде многу тешко. Имаме многу малку време добро да се подготвиме и да ги корегираме грешките од мечот во Скопје. Игравме тежок меч во Франција и мора да продолжиме да играме на високо ниво“ потенцираше Карапалевски.

Утрешниот меч меѓу Нексе и Вардар започнува во 20 часот во Нашице.

ПретходноДавид Дејвис: РК Вардар го чека тежок меч во Нашице
СледноУО на РФМ: Инцијатива за проширување на Супер-лигата!